Гутереш разговарал со кинескиот претседател Џинпинг за Ујгурите 

 

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на средбата со кинескиот претседател Кси Џинпинг разговарал за ситуацијата со Ујгурите од регионот Ксинџијанг. Гутереш му порачал на Џинпинг дека човековите права мора целосно да бидат почитувани дури и во борбата против тероризмот и екстремистичкото насилство. Според соопштението, разговорот на средбата која се одржала на 26 април бил срдечен и искрен. Кина е под критики откако околу милион Ујгури и муслимани од други помали етнички групи завршија во центри за преквалификација во Ксинџијанг, за кои активистите за човекови права наведуваат дека се масовни логори.