Хакери објавија список со имиња и адреси на е-пошта на околу 600 вработени во албанската тајна служба

Хакерите од иранската група „Татковинска правда“ продолжуваат со објавување податоци на платфрмата Телеграф, одземени по кибер-нападите врз владините системи.

Овојпат тие објавија список со имиња, адреси на е-пошта и телефонски броеви на околу 600 вработени во албанската тајна служба, ШИШ, откако претходно објавија податоци запрвиот разузнавач, Хелидон Бендо, меѓу другото и датумите на излез и влез од ТИМС системот.

И покрај тврдењето на властите дека тие не успеале да дојдат до важни податоци, од владините системи што ги нападнаа на 15 јули а оние на Министерството за внатрешни работи, вклучително и ТИМС системот на граничната полиција, вечерта на 9 септември, хакерите, редовно објавуваат податоци, фотографии и видеозаписи од полициските камери.

Објавија пораки од електронските пошти на министри, имиња на 105 илјади албански граѓани осомничени за криминални активности, илјадници телефонски броеви на албански државјани, име, презиме, како и броеви на лични карти, а пред два дена и список на возила, број на шасија и мотор, марка на возилата, регистарска табличка, име и презиме на сопствениците и местото на живеење.

Групата деновиве објави податоци за премиерот Еди Рама, вклучително и за неговите патувања надор од земјата со чартер летови, што наиде на силни реакции и обвинувања од страна на опозицијата, која обвини дека за 127 патување со авион тој потрошил 19 милиони евра.

Отфрлајќи ги обвинувањата Рама објави дека Сали Бериша како тогашен премиер, во 2010 за авионски превоз потрошил 251.365 лека а тој во 2021 година 64.972 лека. Додаде дека приватните патувања ги намирува од сопствени средства.

Advertisement