И кога “не постоеше” гордо го користевме “зборот на М”

Лидерот на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов прави споредба меѓу однесувањето на Македонците во Егејска Македонија пред 40 години и Македонците од Република Македонија кои сега се плашат да ја нарекуваат својата земја со своето природно име.

“Ова е #Желево, Егејска #Македонија, сликано во 1979 година, време кога грчкиот став се уште беше дека „Македонија не постои“. Тогаш им забрануваа на луѓето да го спомнат „зборот на М“, но моето семејство гордо го користеше. Ние сме горди #Македонци”, пишува Николов кој постојано го користи хаштагот #НашетоИмеЕМакедонија.