Идентитетот и јазикот никогаш не биле предмет на преговори (ФОТО)

Македонски весник Илинден ексклузивно објавува документ од август 2001 година од Советот за безбедност на Обединетите нации покажува дека организацијата бара да се почитува етничкиот идентитет и интересите на сите граѓани на Република Македонија. Со ова, ОН де факто го признаваат идентитетот на македонските граѓани, меѓу нив и на Македонците.

Ако се земат Северна и Јужна Кореја кои се споменуваат како примери во одбарана на Договорот, ќе се види дека официјалните имиња на земјите внатре не се исти со тие под кои што се запишани во ОН. Па така, Северна Кореја за „дома“ е Демократска Република Кореја, а Јужна Кореја е само Република Кореја, согласно домашните правила и устави. Македонија е единствената земја на светот која што прифатила странска држава да и го менува Уставот и со тоа целосниот идентитет на нацијата, граѓаните и културата.