Илир Мета: Македонската заедница ќе биди застапена во сите државни институци во Албанија

На митингот на Социјалистичкото движење за интеграција во изборната единица Корча се обрати и Илир Мета, претседателот на државата и поранешен лидер на партијата, кој упати благодарност до Македонска Алијанса за европска интеграција (МЕАИ) што одлучела заедно со нив да настапат на изборите. Социјалистичкото движење за интеграција, во Корча ги претстави канидатите за пратеници за изборната единица на овој округ, за парламентарните избори кои ќе се одржат на 25 јуни во Албанија.

Во кандидатската листа за идни пратеници на оваа партија, во изборната единица Корча е и Васил Стерјовски, генералниот секретар на Македонска алијанса за европска интеграција (МЕАИ), Васил Стерјовски е во кандидатската листа за идни пратеници на Социјалистичкото движење за интеграција во Корча.

Ова не е случајно, ова не е договор за да се стопи Македонска алијанса за европска интеграција (МЕАИ). Ова е договор за застапување на прекрасната македонска заедница во сите албански државни институции. Бидејќи, како што рече и Васил, Социјалистичкото движење за интеграција и Македонска алијанса за европска интеграција (МЕАИ) делат заеднички вредности за толеранција, сеопфатност и европската интеграција, истакна Мета.

Илир Мета упати порка дека правата на секоја од етничките заедници во Албанија се многу важни и се показател на степенот на демократија и толеранција во општеството. Мета посочи оти е задоволен што политичката криза во Македонија оди кон нејзиниот крај.

 

Advertisement