Импресивни фотографии од Метеорскиот дожд Персеиди низ објективот на Стојан Стојановски (ФОТО)

Метеорскиот дожд Персеиди годинава во намален интензитет, но импресивен и покрај Месечината која со својата светлина ја намалува видливоста. Членовите на Охридското Астрономско Друштво како и секоја година, така и оваа излегоја на терен да го проследат и фотографираат овој астрономски феномен.

Овој метеорски дожд се појавува секоја година во јули и август кога вселенските остатоци од опашот на Свифт-Татловата комета ќе удрат во атмосферата на Земјата. Максимум е 100 метеори на час, но поради месечевата светлина оваа година можеше да се забележат  од 20 до 30 метеори на час.

Уживајте во фотографиите на Стојан Стојановски (кој е основач на Охридското Астрономско Друштво) направени ноќта помеѓу 12-ти и 13-ти август 2019 година близу селото Велмеј на 30км од Охрид.
На фотографиите може да го забележите и шумскиот пожар кој а активен во моментов, а Стојан го искористил тој момент да биде фотографиран со Персеид.

Advertisement