Институт за македонски јазик: Светот го признава постоењето на Македонскиот јазик

Политички и академски кругови од нашето опкружување го негираат македонскиот јазик и покрај фактот за неговата засебност. Сепак, науката и вистината се на наша страна и од нив никој разумен не може да се откаже, нагласи претседателот Пендаровски, на одбележувањето на јубилејот од кодификацијата на македонскиот современ јазик.

„За жал, иако поминаа седум и пол децении од стандардизирањето на македонскиот јазик и откако неговото постоење во меѓувреме беше потврдено од светската лингвистичка наука, ние се уште сме предизвикани да го докажуваме ноторниот факт за неговата засебност и постоење. Интересно е дека негирањето не доаѓа од релевантни и светски лингвистички авторитети и институти кои за тоа прашање се имаат одамна произнесено, туку од одредени, најчесто политички и политичко-академски кругови од нашето непосредно окружување.”

Инцидентни барања наметнати од дел од бугарски лингвисти кои се користат во дневна политика. Вака директорката на институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” ги коментира новите пречки на македонскиот пат кон ЕУ, опфатени со бугарскиот меморандум.

Ставот на Институтот е дека тоа се измислени прашања.

„Такви прашања не постојат и ние нема потреба да си го губиме нашето време и нашата енергија како научници да објаснуваме нешто што светската лингвистика веќе го прифатила. Македонскиот јазик е признат во сите славистички и во сите лингвистички центри во светот и се проучува на многу универзитети во светот.”

На бугарските провокации ќе одговорат со најновите лексикографски трудови од илјада страници кои се промовирани оваа годинава, вели Јованова – Грујовска, посочувајќи дека време е за одржување на македонистички конгрес, на кој ќе бидат повикани светските лингвисти.

Advertisement