Иранска ракета случајно погодила ирански брод

Иранска ракета истрелана за време на поморската вежба во Оманскиот Залив, погоди ирански логистички брод во близина на целта, при што загина најмалку еден морнар, а 15 беа повредени, јавуваат иранските медиуми. Инцидент се случил вчера во близина на пристаништето Јаск, на околу 1.270 километри југоисточно од Техеран. Државната телевизија објави дека станува збор за несреќа. Иран редовно одржува воени вежби во регионот, кој е близу до стратегискиот теснец на влезот во Персискиот залив, каде што поминуваат 20 проценти од светската нафта