
Иранската хакерска група „Татковина правда“ ја нападнала електронската пошта на Парламентот.
Националниот орган за сајбер безбедност на Албанија соопшти:
„Денес беше пријавен сајбер напад поврзан со електронската пошта на Парламентот на Албанија. Националниот орган за сајбер безбедност формираше работна група за анализа на случајот, а тимовите се на терен и спроведуваат техничка анализа, како и ги преземаат потребните чекори во врска со оваа ситуација. Повеќе информации ќе бидат објавени по завршувањето на техничката проценка.“

На социјалната мрежа Телеграм, иранската хакерска група „Татковина правда“ објавија содржина од електронската пошта на Белинда Балуку, Дамијан Ѓикнури, Гезменд Барди и Еди Палока.
Извори за Македонски весник “Илинден” pосочуваат дека администрацијата на парламентот и пратениците немале пристап до компјутерите и електронската пошта неколку часа.
Последен пат, хакерите ги нападнаа и ги оневозможија веб-страниците на Општина Тирана и на Институтот за статистика на Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden