Иранските власти потврдија дека украинскиот авион бил погоден од две ракети

Иранската цивилна авијација потврди дека две ракети го урнале украинскиот патнички авион веднаш по неговото полетување од Техеран на 8 јануари.

Во вториот прелиминарен извештај за несреќата во која загинаа сите 176 луѓе кои беа во авионот, се наведува дека се уште се истражува инцидентот. Истражителите откриле дека две Тор-М1 ракети го погодиле авионот, се наведува во извештајот. Иранските власти соопштија дека воздухопловната одбрана во тој период била со подигната готовност поради тензиите во регионот и по грешка испукале две ракети кон авионот.

Во извештајот пишува и дека Техеран побарал опрема од Соединетите Американски Држави и од Франција за симнување на податоците од црните кутии но дека се уште не добиле позитивен одговор.

Advertisement