
Ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова во чест на повторно отворање на Лекторат по македонски јазик на Факултетот за странски јазици при Универзитетот во Тирана, Република Албанија, по повод изборот на д-р Славица Свидерска за лектор по македонски јазик во Тирана. Новоизбраната лекторка, пред ректорката Биљана Англова и пред проф. д-р Кристина Николовска, директорка на МСМЈЛК при УКИМ, изложи предлози за развој и афирмација на македонистиката на Универзитетот во Тирана.
Ректорката Биљана Ангелова оваа значајна мисија ја оцени како: „Отвораме важна страница од големата мисија на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при „Универзитетот Св. Кирил и Методиј“ во Скопје преку повторно отворање на Лекторат по македонски јазик, литература и култура на Универзитетот за странски јазици во Тирана, Република Албанија. Ова е историски чекор напред за развој и афирмација на македонистиката во светот преку високообразовна соработка којашто отвора и процес на културна соработка преку градење на мостови меѓу двете култури.”
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden