Истражувачи од Русија во посета кај Македонците во Врбник (ФОТО)

Истражувачите од Руската академија на науките, Александра Дугушина (Музеј за Антропологија и Етнографија „Кунсткамера„, Санкт Петербург) и Максим Макарцев (Институт за славистика, Москва) беа на посета на село Врбник, Општина Билишта. Цел на истражувачите беше да се запознаат со дијалектот, а исто така со фолклорот, празниците, сватбите и други обичаи на македонското национално малцинство кое живее во Врбник. Во срдечна атмосфера разговорите со гостите од Руска федерација се водеа на македонски и албански јазик. И на крај на двострано задоволство Македонците во село Врбник добија ветување дека нема да бидат заборавени и дека ќе бидат повторно посетени во најскоро време.

Слики: (М. Макарцев)

Advertisement