Италијанскиот весник „La Verità“ објави видео за кое велат дека е снимено во домот на бизнисменот Орце Камчев и го покажува исплаќањето на милионскиот рекет за кој во притвор се Боки 13 и Зоки Кичеец. На снимката се гледа броење на пари, список и торба во која се ставаат банкнотите. Снимено е и излегувањето од домот на Камчев, исто така, снимен е и разговор во кој наводно се гласовите на Бојан Јовановски и на Камчев. Тој на снимката му кажува на Камчев дека Катица, како што вели, нема да употреби вонредни правни мерки и дека ќе му биде укинат притворот. Интересно е што дел од снимката покажува како некој го снима броењето на парите, но не се гледаат ликови.
Advertisement