Ицо Најдовски Перин договорот од Преспа е погубен за македонското национално малцинство во сосеството

Ицо Најдовски Перин, историчар и долгогодишен активист за правата на Македонците низ светот со појаснување колку се опасна правна алатка уставните измени. Со уставните измени се брише македонското национално малцинство во сосеството и тие не смеат да се реализираат, смета историчарот Ицо Најдовски -Перин, кој децении наназад живее и работи во Австралија.

Видовме од предложените амандмани дека треба да се откажеме од малцинството во сосеството, од АСНОМ, од идентитетот. Ова не смее да помине оти целата ситуација што насилно се спроведува е без основа, затоа и Преспанскиот договор не е на сила. – вели Најдовски во синоќешното гостувањето на “Отворено на Алфа”. Оваа влада не доби мандат од народот да спроведува ваква самоубиствена политика, смета Најдовски, и додава дека македонска дијаспора е единствена по ова прашање.

Advertisement