IV Поетска манифестација „Охридски поетски бисер“ на 29 јуни (сабота) 2019 година во манастирскиот комплекс „Св. Спас“ во Горно Лакочереј. Манифестацијата со својата благородна мисија има цел афирмирање, пренесување и зачувување на македонскиот јазик, не само во Македонија туку и низ целиот свет. Сите љубители на поезијата по претходно објавен конкурс имаа можност да станат дел од промоторите на пишуваниот поетски, македонски јазик и литературата воопшто. Од над стотина пристигнати поетски творби жири-комисијата одлучи на манифестацијата да настапат 70-тина поети од Македонија и странство.
На манифестацијата беа доделени следните награди:
1 место најубава песна – „Загубена“ од Јован Миноски
2 место „Фенерот на татко ми“ од Гордана Бохулски-Кароловска
3 место „Само ние не знаеме“ од Блажо П. Стојаноски
Најдобар млад автор – Ана Томоска и Исидора Костовска
Најдобар странски автор – Татјана Томиќ
Најдобра интерпретација на песна – Мери Арсовска со „Молитва“
Награда за животно дело – Анастас Ќушкоски
Покрај доделените награди на добитниците, за победникот (прва награда) е обезбеден викенд за двајца во „Апартмани Ристак“ – Охрид. За сите учесници и гости организаторот обезбеди коктел со закуска во манастирскиот комплекс. Организатори на фестивалот се Мирко Томовски, Митре Мангоски Радождански, Перчо Божиновски, Трифун Ѓорѓиоски и Наум Трајчески. Спонзор на наградите е познатиот бренд на Охридски бисер, Климент Талев, а покровител на поетската манифестација е општина Охрид.