Иванов: Народните избраници постапија спротивно на волјата на народот 

Во речиси сите одлучувачи моменти од нашата историја, народот носел мудра одлука, така беше и овој пат на референдумот одржан на 30 септември кога народот со негласање јасно се изјасни против избрзани, наметнати и штетни решенија донесени без претходно постигнат национален консензус, соопшти претседателот Ѓорге Иванов по повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

„На референдумот народот ја изрази својата суверена волја и недвосмислено го отфрли Договорот од Преспа. Собранието на Република Македонија тоа мораше да го земе предвид, но мнозинството народни избраници постапија спротивно волјата на народот“, вели Иванов.

 

Advertisement