Изградба на нов кружен тек ја претвори Тирана во „воена зона“

Полицијата употреби солзавец за да ја растури толпата на жители кои се спротивставуваат на рушење на објекти. Рушење на објекти каде е планирана изградба на кружен тек во Тирана изутринава предизвика судири меѓу жителите кои се спротивставуваат на ова акција и албанската полиција. Според фотографиите кои ги објавија албанските медиуми, населбата наречена “Астира“ во главниот град на албанија изутринава личела на “воена зона“. Полицијата употребила солзавец за да ја растури толпата на жителите кои се спротивставуваат на рушење на објектите.

Жителите на областа „Астира“ во Тирана веќе втора година протестираат против изградба на нов кружен тек, со кој се предвидува и рушење на неколку околни објекти. Сепак, денеска започна рушењето на објектите кои се изградени без дозвола и за кои сопстевниците претходно добиле компензација поради нивното отстранување.

„Топ Чанел“ јавува дека поради судирите повредени се 12 лица и дека тие биле пренесени во болница, од кои пет полицајци и седум жители. Доколку сте земале пари или процент  за рушењето на зградите, разумно е да престанете со саботажа на Тирана – се огласи градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај, коментирајќи ја денешната состојба.