Излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија

Ве известуваме дека излезе од печат разгледница со народни носии на Македонците од Албанија, благодарение на финансиската помош на Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) со седиште во Торонто, Канада. Разгледницата со народни носи на македонско национално малциство во Албанија содржи слики на кица облечени во народни носи од Голо Брдо, Мала Преспа, Гора и Врник. Ваква разгленица излегува за прв пат и претставува авторско дело на Никола Ѓурѓај, преседател на Македонско друштво „Илинден”-Тирана. Кај Македонците во Торонто, Канада најдовме искрени соработници и борци за македонското дело. Без нивната финансиска поддршка, разгледницата со народни носи на Македонците во Албанија немаше да биде испечатена, за што искрено се заблагодаруваме Сакаме да веруваме дека примерот на ММДЧП ќе биде следен од други македонски организации од целиот свет. Финансиска помош ни дава можност и сила и во иднина достоинствено да ја продолжиме праведната борба за македонската национална кауза. Разгледницата со народни носии на македонско малциство во Албанија, ќе се дели низ Албанија но ке се дистрибуира и сред дијаспората во светот.