Израелски авиони нападнале воена база во близина на Дамаск

Израелски авони нанесоа удар врз склад за оружје на либанската шиитска организација Хезболах, што се наоѓа во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск, наведе неименуван извор од разузнавачката служба на Сирија, пренесува БТА. Во објектот се складирало оружје, што Иран редовно го испраќа во трговски или воено-транспортни авиони.

Претходно телевизија „Ал Манар“, што е блиска со Хезболах, јави дека нападот што се случи утринава во близина на меѓународниот аеродром во Дамаск веројатно е извршен од страна на израелски авиони. Според првичните информации, биле разнесени магацини и резервоари за гориво, но нема жртви. Иранската телевизија „Ал Алајам“ јави дека израелски авиони нападнале воена база во близина на Дамаск. Како резултат од нападот избувнал силен пожар.

Advertisement