Јатрвата на Алма под истрага: Постои сомнение дека премолчела клучна работа за самоубиството на мајката и трите деца

На 2 мај, Алма Арази (39) и нејзините три деца не скокнале од новиот мост во реката Буна во Скадар, потврдија од истражната група, пренесуваат албанските медиуми.

Репорт ТВ јавува дека Алма со своите деца се движела кон крајот на мостот, патот кој води до пат Скадар-Муриќан.

Обвинителството почнало да го следи ова, откако во месноста Дајлан, на околу 100 метри од мостот Буна, било пронајдено тело на друго девојче. На истражителите сега им е јасно дека Алма Арази го извршила екстремниот чин под новиот мост на Буна, на брегот.

Што се однесува до претходните истраги за трагедијата што го шокираше јавното мислење, каде мајка си ги удавила своите малечки, а потоа и самата, осомничен е сопругот кој е во притвор под обвинение „предизвикување самоубиство“.

Телефонот на Ергис Араз се испитува во криминалистичката лабораторија во Тирана, за да се докаже дали тој бил во близина на Алма и трите деца, во моментот кога постои сомнеж дека е извршено самоубиството.

За анализа на телефонот се побарани податоци од мобилната компанија, а се разгледуваат и неговите пораки и комуникации од вечерта на 2 мај. Телефонот на Алма не бил пронајден на местото на трагедијата.

Во грмушките се пронајдени кукли и амбалажа за храна, но од научната лабораторија се уште нема одговор дали се на децата на Алма.

Од друга страна, засега клучна личност за истражителите е јатрвата на Алма, Валентина Арази, која, како што може да се види на видеото, пиела кафе со неа пред екстремниот чин на самоубиство со три деца.

Валентина Арази во првото сведочење рече дека Алма се простила со неа, велејќи и дека ќе оди кај нејзиниот брат во Драч, да се смири по расправијата со сопругот.

Новинарката Анила Хоџа за „Топ чанел“ изјави дека се води истрага за смртта на Алма Арази, бидејќи постојат сомнежи дека таа не дала искрена изјава.

Клучната личност во оваа приказна е жената која Алма ја видела непосредно пред да исчезне со децата во Скадар, а потоа била пронајдена мртва во реката Бојана, исто како нејзините деца. Се сомнева дека нејзината јатрва не била искрена за тоа што всушност разговарала со Алма. Истражителите веруваат дека за време на двочасовниот разговор меѓу Алма и нејзината јатрва, се случило нешто поголемо, дека тоа била „последната капка“.

Жената која последен пат била видена со Алма Арази е на слобода, но под истрага.

Advertisement