„Јазичен мозаик“ – нов лингвистички труд на Васил Дрвошанов

„Јазичен мозаик“ е насловен новиот лингвистички труд на Васил Дрвошанов, заедничко издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и на Книгоиздателството „Бата прес милениум“.

Публикацијата содржи 43 написи распоредени во шест поглавја, поврзани со различни прашања од областа на македонската наука за јазикот, објавувани во периодиката во изминатите четириесетина години.

Заеднички именител на сите прилози е истоветниот поглед на авторот за македонскиот јазик со погледите на Крсте Мисирков и на Блаже Конески. Делото „Јазичен мозаик“ го потврдува фактот оти македонскиот јазик и дијалектите што припаѓаат на македонскиот јазичен систем се реалност и лингвистичка посебност, независно од желбите на некои фанатизирани елементи кај нас и во соседството, посочува авторот Дрвошанов.

Advertisement