Јован Шкемби официално избран за советник во Советот на Општина Поградец и претставник во Советот на Округот на Корча

Членот на партијата Македонска алијанса за европска интеграција, Јован Шкемби со давање свечена заклетва на седницата на
Советот на Општина Подградец и официјално е нов член на Советот на Општина Поградец. Исто така, Советот на Општина Подградец го избра Јован Шкемби за претставник на Советот на Општина Подградец во Советот на Округот на Корча.

Советот на Округот на Корча го сочинуваат 24 советници од 6-те општини на Округот Корча и тоа Корча, Подградец, Колоња, Пустец, Малиќ и Девол. Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, во Советот на Округот Корча има двајца свои членови, генералниот секретар Таќо Гроздани, како претставник на Советот на Општина Пустец и членот на Централниот комитет Јован Шкемби, како претставник на Советот на Општина Подградец. Исто така, член во Советот на Округот Корча е и
градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски. На локалните избори што се одржаа на 14 мај годинава МАЕИ беше во коалиција со Социјалистичка партија и свои кандидати имаше на листата на Социјалистите, освен за општина Пустец каде настапи самостојно, но го поддржа кандидатот за градоначалник.

Јован Шкмби е роден на 28 јануари 1954 година во село Церје, Мала Преспа, од родители Филип и Тодора Шкмби. Има завршено студии на Земјоделскиот универзитет во Тирана во 1977 година. Работел како главен специјалист зооветеринар на задругата Стравај, округ Либражд, директор на претпријатието на пасиштата во Либражд. Од 1993 година, денес работи приватно на негова фирма “ОНИ’’ со центар во Либражд. Во 1993 година беше формирана секција на Македонско друштво “Преспа’’ во Поградец кое се однесувало на цела општина. Шкмби бил избран за претседарел на секцијата на Друштвото, кое го води до денес.

Веднаш после формирањето на македонска партија именувана Македонска Алеанса за Европска Интеграција во 2005 година бил избран за преседател на Партијата МАЕИ за Поградец, на која функција бил до 2014 година. Активен член бил на Управниот комитет на Друштвото „Преспа“ Албанија, исто така и член на Управниот комитет на МАЕИ. На 26 јуни 2015 победил на локалните избори и станал советник во Советот на општина Поградец во име на партијата МАЕИ секција Поградец, со 4 годишен мандат. Со оглед на неговото македонско потекло, се бори за што е можно поголема застапеност на Македонците во сите нивоа на управување на општинско ниво. Живее во град Поградец, женет со Нада Шкмби, татко на три деца

Advertisement