Јубилеј за радост и обединување 25 години Европска епархија на МПЦ-ОА

Годишното епархиско собрание на Македонската православна епархија за Европа ќе се одржи од 17 до 19 Мај во Пјаченца, Италија каде домаќини оваа годима се МПЦО „Св. Прохор Пчински“. Воедно оваа година европската епархија го прославува својот јубилеј 25 годишни“ од своето основање. Само заедно ќе можеме да опстанеме и да се радуваме на новоизградените цркви, да бидеме сплотени и овој јубилеј нека ни биде поттик за уште многу нови изградби и осветувања. Нека ни биде поттик за редовни Богослужби и цркви полни со народ.