Јури Ким: САД задоволни од начинот на кој се одржаа изборите во Албанија

Американската амбасадорка во Тирана, Јури Ким изјави дека САД се задоволни од начинот на кој се одржаа изборите во Албанија, на 25 април. Гостувајќи во телевизиска емисија, Ким рече дека ОДИХР оценил оти изборите биле фер, и покрај некои проблеми кои не го загрозиле изборниот процес. Американската дипломатка му честиташе на премиерот Еди Рама за победата и добиениот третиот мандат а на лидерот на демократите, Љуљзим Баша за спроведената силна кампања.

Мислам дека ОДИХР  ги објави своите првични наоди, но и ние водевме евиденција за нив. На пример, тие забележуваат дека изборите беа фер и ги пофалија властите за одлично спроведените избори. Сепак, тие забележаа некои проблеми и нашето очекување, како САД, е дека тие проблеми ќе бидат решени, но во најголем дел, како што видовте во изјавата што ја издадовме од Вашингтон, му честитавме на албанскиот народ за добрите избори, му честитавме на премиерот Рама за победата.

Исто така и честитавме на опозициската партија за спроведувањето на многу силна кампања. Затоа, мислам дека во целина, ние сме задоволни од начинот на кој се одвиваа изборите , рече амбасадорката Ким. Таа порача дека е важно сите партии да ги признаат изборните резултати, колку што е можно и партиите сега да размислуваат како да му служат на целиот албански народ.

Значи, со нетрпение очекуваме да работиме со сите страни, да видиме што можеме да направиме заедно, како САД и Албанија, и морам да кажам дека најважно за нас е што Албанија по повеќе од две годни без целосна опозиција во парламентот сега да има целосен парламент, рече таа. Ким очекува опозициската Демократска партија, која, како што оценува е многу значајна партија, со голем историски придонес во развојот на Албанија, во септември да влезе во новиот албански законодавен дом.

Advertisement