Каменос: Нема да го поддржиме Преспанскиот договор во Парламентот

Коалициониот партнер во грчката влада Панос Каменос денска изјави дека нема да ја поддржи Владата ако Преспанскиот договор за името биде ставен на гласање во грчкиот Парламентот. „Ако овој договор стигне до точката да биде ставен на гласање во грчкиот Парламент, ние немаме мандат да продолжиме и да останеме во владината коалиција“, изјави Каменос, кој е министер за одбрана и лидер на „Независни Грци“, јавува Ројтерс. Но, тој рече дека тоа не го гледа како можен исход. Парламентарните избори треба да се одржат до есента 2019 година, а премиерот Алексис Ципрас изјави дека претходно не очекува избори.

Advertisement