
Претседателот на Централната изборна комисија (ЦИК) Илирјан Челибаши, на прес-конференција посветена на подготовките за локалните избори на 14 мај 2023 година рече дека изборната кампања започнува на 14 април. Додаде дека 27 март ќе биде краен рок за доставување на кандидатските листи, додека рокот за објавување на анкети завршува на 8 мај.
На локалните избори ќе се избираат градоначалници и членови на Советите на 61 општина. И покрај обидите на опозицијата за нова административно-територијална поделба, со која бараше зголемување на бројот на општини за најмалку 30 општини и беше формирана комисија за тоа, сепак не се постигна консензус и ќе се гласа според постојната поделба.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden