Каталонија бара референдум за независност

 

Владата на областа Каталонија во Шпанија повторно побара од Мадрид референдум за независност, барањето е испратено во отворено писмо до Мадрид, објавено во весникот „Паис“, од страна на каталонскиот премиер Карлес Пучдемон. Властите во Каталонија ветија дека во септември ќе организираат референдум за независност, со или без согласност на Мадрид. Каталонците се поделени околу прашањето за независност, но значително мнозинство сака одржување на референдум. Мадрид се спротивставува со аргументот дека такво гласање не е предвидено со Уставот.

Advertisement