Катастрофална состојбата во средното училиште во Пустец, Мала Преспа (ВИДЕО)

Нема средства за реконструкција на средното училиште во Пустец Недостасуваат средства за реконструкција на средното училиште во Пустец, Мала Преспа, а поради тоа се амортизира и проектот, кој пред години, го подготви Општина Пустец. Но, недостатокот на средства од Општината според зборовите на заменик-градоначалникот Андон Јани, се појавува бидејќи реалната вредност на проектот е висока, а неа не може да ја издржи Општина Пустец. Ова поради фактот дека цената е 300 илјади евра, или колку целиот буџет што Општината го има. Ваквата ситуација наложува да се побара од Владата да преземе мерки во ова училиште, каде учат 105 ученици. Директорот на училиштето, Трајан Вангеловски, рече дека од изградбата во 1984 година училиштето немало инвестиции. Неопходни се итни мерки за да се спречи некој немил настан во училиштето поради дотрајаноста на градбата.