Националниот совет за реставрација на Албанија ќе ја реставрира црквата „Свети Спас“ во село Горно Крчиште областа Полени, Маќелара. Усвоениот проект од страна на Националниот совет за реставрација предвидува реставрација на конструктивните елементи на црквата. Овој божји храм е изграден 1270 година и како споменик на културата под заштита на државата е од 1970 година. Ѕидовите се изградени од камен поврзани со варен малтер. На нив има ретко вредни фрески но истите се оштетени. Селото Горно Крчиште областа Полени, Маќелара припаѓа на околијата Пешкопеја.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
