
Прашањето за денуклеаризација на Корејскиот Полуостров може да се реши ако Јужна Кореја и САД реагираат на нашите напори со добра волја, да се создаде атмосфера на мир и стабилност додека се преземаат прогресивни и синхронизирани мерки за остварување на мирот”, рекол Ким. Севернокорејската новинска агенција КЦНА ја нарече посетата пресвртница во подобрувањето на билатералните односи со Кина.
Кинеските медиуми ја оценуваат посетата на Пекинг како успешен чекор за севернокорејската подготовка за предложените разговори. Кина е главен економски сојузник на Северна Кореја и се претпоставуваше дека ќе има консултации со Пекинг пред планираниот самит со Јужна Кореја и САД. Предвидено е следниот месец Ким да се сретне со јужнокорејскиот претседател, Мун Жае-ин, и со американскиот претседател, Доналд Трамп, во мај.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden