Еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“, Атанас Кирјаков, уште еднаш јавно му контрира на ставот на официјална Софија дека во Бугарија нема македонско малцинство. „Јас сум роден тука во Пиринска Македонија, на македонска земја, под македонско небо и сум Македонец, не сум Бугарин. Мојата татковина е Македонија, а не Бугарија, Србија или Грција. Мојата татковина Македонија беше распарчена во 1913 година на три дела – егејски дел, вардарски дел и пирински дел. Мојата татковина Македонија еден ден ќе се обедини и ќе биде слободна и независна држава“, објави на Фејсбук кандидатот за градоначалник на Благоевград на локалните избори минатата година./www.expres.mk
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
