Tag Archives: Македонци во Пиринска Македонија

Борислав Божинов од ОМО „Илинден” најавува отварање на приватен македонски клуб во село кај Пловдив

Македонците од Бугарија не се откажуваат од формирање на приватни македонски клубови, по затварањето на клубот „Никола Вапцаров“ во Благоевград. Борислав Божинов од ОМО “Илинден” најавува дека во неговиот двор, гаража од 30 метри квадратни во село Крумово на пет километри од Пловдив ќе го отвори приватeн клуб. Божинов заедно со Кирил Иванов од ОМО „Илинден” денеска присуствуваат на семакедонскиот ...

Read More »

Македонските организации во Бугарија протоколот не ги штити интересите на македонското малцинство

Mакедонските организации во Бугарија реагираат за Протоколот меѓу Македонија и Бугарија потпишан на 17 јули 2022. Протоколот, велат, не е реципрочен, ниту е рамноправен. Не ги штити интересите ниту на македонското малцинство, ниту на македонската нација, ниту на Република Македонија. Реакцијата ја пренесуваме интегрално: „Протоколот не е реципрочен, ниту е рамноправен. Не ги штити интересите ниту на македонското малцинство, ниту ...

Read More »

Кирјаков: Роден сум во Пиринска Македонија, на македонска земја, и сум Македонец, не Бугарин

Еден од основачите на Обединетата македонска организација „Илинден“, Атанас Кирјаков, уште еднаш јавно му контрира на ставот на официјална Софија дека во Бугарија нема македонско малцинство. „Јас сум роден тука во Пиринска Македонија, на македонска земја, под македонско небо и сум Македонец, не сум Бугарин. Мојата татковина е Македонија, а не Бугарија, Србија или Грција. Мојата татковина Македонија беше распарчена ...

Read More »

Македонски здруженија во Бугарија го слават Македонското востание (ФОТО)

Со народни собири Македонците од Пиринска Македонија го одбележуваат и Македонското востание, како што тие го именуваат Кресненското востание. Македонцското непризнато малцинство во Бугарија денеска одбележува и 142 годишнина од Кресненското востание, односно како што тие го именуваат Македонското востание. Со едноминутен молк во чест на востаниците, венци цвеќе на спомениците, со панихида и народни собири одбележан е овој празник ...

Read More »

Македонците од Бугарија издвојуваа голема победа против бугарската држава во Судот во Стразбур

Македонците од Бугарија извојуваа голема победа против бугарската држава во Судот за човековите права во Стразбур. Со денешната пресуда на Судот за човекови права во Стразбур, Македонците во Бугарија извојуваа голема победа против Република Бугарија во спорот кој пред Судот во Стразбур се води од 2013 година. Пресудата доаѓа само десетина дена пред најавеното вето на Бугарија против Македонија во процесот ...

Read More »

Партите на Македонците во Принска Македонија Омо „Илинден“-Пирин и Омо „Илинден“ заедно положија цвеќе во гробот на Јане Сандански

На 21 април 2020 година, делегациите на партите на Македоците во Принска Македонија, Омо „Илинден“-Пирин и Омо „Илинден“ положија венци во гробот на Јане Сандански, македонски национален херој, војвода и водач на Македонската револуционерна организација. Според ограничувањата за движење, секоја од делегациите се состоела од по два претставника. Од името на Омо „Илинден“-Пирин беа присутни Стојко Стојков и Јане Петко, додека Омо ...

Read More »

Во Благоевград претставници на Омо “Илинден” ја одбележаа 148 годишнината од раѓањето на Гоце Делчев

Делегација на Македонци и претставници на организацијата Омо “Илинден”, кои што живеат и работат во Бугарија денеска положија букети со свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев во Благоевград. Официјална организација на бугарската држава за одбележување на овој значаен датум на раѓањето на Гоце Делчев немаше.

Read More »

Почесниот претседател на Омо “Илинден”-Пирин, Стојан Георгиев објави книга за Македонците во Пиринска Македонија

  Втора книга на почесниот претседател на Омо “Илинден”-Пирин, Стојан Георгиев, е македонски национален деец од Пиринскиот дел на Македонија, борец за националните права на Македонците во Пиринска Македонија кој помина 8 години по бугарските зандани. Со оваа книга се отвораат сознанија за Макединците во Пиринска Македонија и за партијата на Македонците во Бугарија Омо “Илинден”-Пирин. Стојан Георгиев  е роден на 18 март 1938 година во градот Петрич, Пиринска Македонија. ...

Read More »