Кога документите зборуваат и Боговите молчат, ама не и Бугарите

Кога зборуваме за атакот кој со децении го прави Бугарија врз Македонците во Албанија со цел тие да се изјаснуваат за Бугари, а во интерес на вистината треба да посочиме дека бројни Македонци во Албанија оставиле свои сведоштва. Од нив многу јасно се гледа дека тие никогаш и никаде не пишувале дека се Бугари. Напротив, многу јасно сведочат за нивното македонско национално чувство. Во оваа прилика ќе наведеме податок кој говори многу за положбата на Македонците во различните временски периоди.

Кај Гуре Дума во книгата „Мала Преспа“ објавена во Скопје во 2005 година на стр. 72 пишува: „До 1930 година, во размената на писмата меѓу пеќалбарите и домашните се пишувало на македонски јазик, но со грчки букви, а од 1930 до 1945 година, писмата се пишувале на македонски јазик, но со албански букви“.

Ова доволно говори дека во периодот меѓу 1930 и 1945 година, Македонците во Албанија воопшто не го употребувале бугарскиот јазик. Ниту букви.

За непостоење на Бугари во јужниот дел на Албанија говорат и податоците во документите. Документите се многу, а дел од нив се наоѓаат во Drejtoria e Përgjitshme e Arkivave во Тирана, Република Албанија. Така, еден официјален документ од албанскиот архив потврдува дека немало Бугари во префектурата Корча во 1942 година.

Документот гласи:

Кралство Албанско

Лесковик 7/10/942XX

Потпрефектура Лесковик бр. 28

Рез П.Т Префектура Корча

Имаме чест да ве информираме дека, во околината на оваа под/префектура, нема Бугари, Срби алогени жители, од споменатите во наредбата на МВР на П.Т, придружувани од тогашниот бр. 87 Ред од 4/6/942XX.

Заменик префект

Дмитер Јовани

Се разбира, овој и ваквите документи, како и сведоштвата на Македонците од Албанија не значат ништо за Бугарите, кои со фалсификати и од позиција на членка на ЕУ, успеа со уцени кај албанската власт да издејствува да се измисли непостоечко бугарско малцинство во Албанија.

 

Извор: Генерална дирекција на архиви на Албанија

Advertisement