Комбе удри во авионот на германската канцеларка Ангела Меркел

Комбе се заби во авионот на германската канцеларка Ангела Меркел на аеродромот во Дортмунд, пишуваат германските медиуми. Според „Билд“, Меркел пред инцидентот била во комбето и разговарала со жената која била зад воланот, која, најверојатно, од возбуда дека разговара со канцеларката, излегла од возилото и заборавила да ја крене рачната кочница.

Така, како што пишува „Билд“, комбето „рено“, без возач, удрило во авионот „бомбардер глобал 5000“ на германската влада. Возилото го оштетило авионот, а во инцидентот што се случил вчера никој не е повреден. Со оглед на тоа дека авионот е оштетен, Меркел морала да се врати во Берлин со хеликоптер.

Портпаролката на аеродромот, Давина Унгруе соопштила дека понатамошната истрага ќе утврди зошто возилото започнало да се движи и го предизвикало судирот со авионот на германската влада.

Advertisement