Комисија за заедничко управување меѓу Македонија и Албанија со природното и културното наследство во Охридскиот регион

 

Mинистерот Едмонд Адеми, и Сашко Ташулов вршител на должност, во Амбасадата на Република Македонија во Тирана вчера во својство на претседател на Националната Комисија за УНЕСКО, се сретна со министерката за култура, Елва Маргарити и министерот за животна средина, Бленди Клоси во Тирана. На состаноците беше договорено формирање на меѓудржавно тело за заедничко управување со природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Министрите ја реафирмираа одлучноста на двете пријателски, соседни земји да ги исполнат препораките на УНЕСКО со цел долгорочно зачувување на нашето светско наследство. Министерот Адеми се сретна со претставници на Министерството за надворешни работи. На средбата беше заклучено дека следува формалното конситуирање на заедничката комисија.

Во тој контекст, Македонија и Албанија ја интензивираат соработката на политичко и експертско ниво и заеднички ќе носат одлуки за зачувување на исклучителните универзални вредности на природното и културното наследство во Охридскиот регион.

Advertisement