Конференција на тема „Верски туризам и теологија“ се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина

На 25 и 26 Септември 2019 год. во Гази Хусрев-беговата библиотека во Сараево, Босна и Херцеговина се одржа конференција на тема „Верски туризам и теологија“. Како  организатор на настанот се запиша Високата школа за туризам и менаџмент од Коњиц во ко-организаторство со Факултетот за исламски науки од Нови Пазар. Вредно е да се спомне дека значењето на оваа Конференција го оценил и претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, г-дин Жењко Комшиќ, кој се појави како покровител на Конференцијата.

На почетокот, учесниците и гостите беа поздравени со говор за добредојде од проф. д-р Маријана Шечибовиќ, декан на Високата школа за туризам и менаџмент, а потоа добредојде и плодна работа на присутните им посака и проф. д-р Адмир Муратовиќ, продекан на Факултетот за исламски науки.

Имајќи го предвид значењето и пионерскиот напор на Конференцијата во пробивањето на досегашната незаинтересираност на политичките елити во балканските држави, за искористување на бројните верски објекти во туристички цели, конференцијата ја поздравија неколкумина амбасадори на странски држави во Босна и Херцеговина и тоа:

Н.Е. Петар Иванов, амбасадор на Руската Федерација,

Н.Е. Обрад Станишиќ, амбасадор на Црна Гора;

Н.Е. Екрем Ебиби, амбасадор на Република Македонија,

Н.Е. Зорица Букинац, амбасадор на Република Словеније,

На отворањето на конференцијата присуствуваше и претставник на хрватската амбасада Јасминка Кесер, во својство на трет секретар.

Работниот дел од Конференцијата започна со првата сесија со наслов „Религиозен туризам во различни контексти“, а со свои теми настапуваа:

– Проф. Дарко Томашевиќ, декан на Католичкиот теолошки факултет;

– Д-р Рената Реjaа Милена Шеравица: Религиозниот туризам како посебен социо-културен феномен (базиран на студија меѓу студенти од Универзитетот во Сплит);

– М-р Амра Пањо: Религиозениот туризам во контекст на градењето на мирот;

– Проф. д-р Олга Чистијакова: Теологија и антропологија на христијанството и исламот: Влијание врз развојот на верскиот туризам;

– Д-р Драгана Радисавjевиќ Ципаризовиќ: Аџилак и / или верски туризам; туристички потенцијали на три светилишта во Србија

– Д-р Алдин Дугоњиќ: Развојот на верскиот туризам преку активности на исламската заедница во Хрватска.

Втората сесија ги обработуваше темите во врска со верскиот туризам, образованието и медиумите. Настапуваа:

– Д-р Драган Радојчиќ: Теолози и вескиот туризам

– Проф. Невена Петковска: Улогата на верските заедници во образованието;

– Д-р Академик Рефик Шешибовиќ, Мемун Зешиќ: Модели на обука и образование за религиозен туризам;

– Проф. д-р Денис И. Чистијаков: Улогата на медиумите во обликувањето на перцепцијата на верските туристички дестинации

– Проф. д-р Шинази Мемеди: Имами: Легални ориентални култни објекти во Скопје;

– Г-ѓа Луција Ѓурашковиќ: Туристичка валоризација на христијанските култови на Стара Будва;

– Проф. д-р Маријана Шечибовиќ: Места за комуникација, култура и средба на верата на другите.

Со рефератите од третата сесија, кои се однесуваа на верскиот туризам и валоризација на инфраструктурата заврши работниот дел на Конференцијата, а во неа настапуваа:

– Проф. д-р Адмир Муратовиќ, проф. д-р Амела Муратовиќ – Улогата на Исламската заедница во Србија во зачувување и афирмирање на постојната, како и во градењето на нова инфраструктура во и околу Нови Пазар;

– Проф. д-р Минулин Јуриј Ахметович: Верскиот марш, како и преку духовно достигнување на мирот, времето и просторот;

– Проф. д-р Алексеј Талкич: Религиозен туризам и аџилак во Русија, прашањето за организација и обезбедување компетентен персонал на пример на Св. Универзитет Тихон, Москва;

– Проф. д-р Катерина Тодороска – Прилепските манастири како туристички предизвик;

– Доц. д-р Душко Медин: Свето наследство на Паштровиќ – тековна состојба и потенцијал на развојот на туризмот;

Д-р Бернадица Миличевиќ: Меѓугорје како најпосетувана верска дестинација.

Во оваа пригода треба да се спомнат и богатите дискусии кои се одвиваа после секоја сесија, а дискусиите се продолжуваа и на заедничките паузи.

Имајќи го предвид фактот дека на Конференцијата присуствуваа научни работници од сите балкански држави, но и од Москва, учесниците и изготвија свои заклучоци кои ќе бидат презентирани на сите релевантни верски заедници и теолошки образовни институции во земјите од каде беа присутни учесници. Заклучоците содржат неколку исклучително потребни активности од политичките власти во секоја од државите, со цел државните буџети на секоја земја да се пополнува со што поголем дел од активности поврзани со верскиот туризам и теологијата.

Во заклучокот се наведува:

1. Системски да се регулира позицијата на верските заедници;

  1. Воспоставување на посебен систем на обука на теолози од областа на религиозниот туризам;
  2. Да се оспособат студентите по теологија да работат во областа на туризмот во религиозни згради;
  3. Продолжување со вакви меѓународни научни конференции од областа на религиозниот туризам;
  4. Врска на религиозниот туризам со различни форми на културен туризам во пракса и на различни нивоа на образование;
  5. Поврзување на секуларните организации и верските заедници за воспоставување траен мир.“.

Целта на оваа Конференција беше да се осознаат можностите на секоја од балканските држави во смисла на искористеност и искористување на објектите од верската оставнина и нивно ставање во функција на подобрување на финансиската состојба на населението кое живее и работи во околината на овие објекти. Воедно со тоа, може да се зголеми и вработувањето на способниот човечки потенцијал во врска со подготовка и одржување на  верските објекти за туристички групи, одржување на комуникација и планирање на туристички тури со црковната и световната власт во секоја од државите, изработка на соодветни и пригодни сувенири од страна на населението и членовите на манастирските братства/сестринства итн. итн. Целта беше постигната, а заклучоците треба да се ефектуираат, но за тоа треба да се има и политичка волја бидејќи во држави каде се и сешто е исполитизирано, верскиот туризам не е имун на влијанија. Завршувајќи ја оваа презентација на сработеното, искрено се заблагодарувам на беспрекорната организација на тимот кој го понесе товарот на Конференцијата, предводен од проф. д-р Маријана Шечибовиќ.