
Македонската академија на науките и уметностите се одржа конференција по повод 100 години од раѓањето на првиот претседател на Република Македонија Киро Глигоров. На конференцијата беше истакнато дека Глигоров, имаше решавачко влијание во меѓународното етаблирање на државата во светот, пред се, со неговиот огромен углед во меѓународната заедница.
Академик Таки Фити, претседателот на Македонската академија на науките и уметностите, со чија соработка се одржува денешниот научен собир, во обраќањето меѓу другото го истакна влогот на Глигоров во етаблирањето на Македонија како рамноправна членка на меѓународната заедница.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden