Конференција “Систем за управување со информации за Дримскиот басен” во Тирана

Претставници од петте државите во Дримскиот басен денеска во Тирана треба да усвојат систем за управување со информации (Information Management System- IMS) кој треба да овозможи размена на податоци во прифатлива архитектура и рамка. Дејан Пановски, координатор во тимот за Дримскиот процес, појасни дека размената на податоци меѓу државите е круцијален дел од управувањето со целиот Дримски басен и езерата и од носењето на одлуките. Преставниците на државите треба да препорачаат кои податоци ќе се разменуваат, на каква платформа и во каков формат.

Дримскиот процес е поддржан од ГЕФ Дримски проект во чии рамки досега се изготвени тематски студии за институционалната поставеност, за биодиверзитет, за социоекономија, загадување и за хидрологија на Дримскиот басен. Сето тоа ќе биде основа за изработката на Прекуграничната дијагностичка анализа на басенот и Стратешкиот акциски план. Во истите рамки почнати се и низа проекти меѓу кои е и изработката на Планот за управување со интегралниот слив на Охридско Езеро.

Advertisement