Концертот на ансамблот Македонија во Осиек

 

Вчера во организација на Македонското културно друштво “Браќа Миладиновци“ од Осиек, а во рамките на културната манифестација “Дваесетти денови на македонската култура во Осиек“, во Домот на Хрватската Војска во Осиек се одржа концерт на ансамблот Македонија од Скопје, Република Македонија.

Пред бројната публика Ансамблот Македонија се претстави со изворни македонски народни носии, ора и песни што предизвика посебно воодушевување кај македонците и Хравтите кои го следеа концертот. На концертот настапија и членовите на КУД Вардарки при Македонското културно друштво “Браќа Миладиновци“ од Осиек, кои настапија со “Тресеница“ и “Водарки“.

Advertisement