Координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски Конгрес повикува на бојкот

 

Координативното тело против референдумот при Светскиот Македонски Конгрес (СМК) на Денот на независноста – 8 септември 2018 година, сабота, во 19.30-20.00-22.00 часот, пред Собранието на Република Македонија организира Семакедонски собир. Единствена порака на Семакедонскиот собир е: Безусловен бојкот на референдумот и НИКОЈ ДА НЕ ГЛАСА на 30 септември! На 30 септември НИКОЈ ДА НЕ СЕДИ ДОМА! СИТЕ, ЦЕЛ ДЕН, ДА БИДЕМЕ ПРЕД ГЛАСАЧКИТЕ МЕСТА ДО НИВНО ЗАТВОРАЊЕ, ДА ЈА СЛЕДИМЕ РЕГУЛАРНОСТА НА РЕФЕРЕНДУМОТ и во 20 часот пред Собранието на Македонија, пред советите на општините во сите градови и пред амбасадите и конзулатите, да прославиме голема победа за Македонија, со неотповиклива оставка на Владата и распуштање на Собранието!

Прашањето за промена на името на државата и идентитетот на нацијата НЕ ЗАСЛУЖУВА ОДГОВОР! ЕУ и НАТО не се достојни за промена на името на државата и идентитетот на нацијата! Договорот Заев-Борисов, Спогодбата Димитров-Коѕиас и Одлуката за референдум за промена на името, за Македонците се ништовни и претставуваат велепредавство на нацијата и државата, геноцид врз Македонскиот народ и злосторство против човештвото што не застарува! Македонците се за помирување со сите соседни народи и за склучување на договори за траен мир и добрососедство со сите соседни држави, но врз основниот принцип на меѓународното право на еднаква сувереност: Взаемно почитување и разбирање, и соработка по сите прашања од заеднички интерес, со немешање во внатрешните работи и на реципроцитетна основа!

И покрај се’ и после се’, Ние Македонците велиме: Културата и историјата на Македонија не се ексклузивно право, туку дел од културно-историскиот идентитет на сите балкански демоси како современи политички нации, во чијашто основа е македонскиот етнос, независно од разликите во читањето на историјата од аспект на актуелната геополитика, дури и независно од разликите меѓу современите литературни јазици како производ на современте политички нации!

Ние сме против промена на границите, но бараме за почитување на правата и слободите! Сакаме извинување за сите општествени и историски неправди против Македонците и репарации за штетите од војните на овие простори! Бараме враќање на државјанствата и на имотните и наследните права на насилно прогонетите Македонци од сите делови на Македонија! Македонија нема вечни пријатели, Македонија нема вечни непријатели, Македонија има вечни интереси!

Со сите разлики меѓу нас Македонците, по род и државјанство, од сите делови на Македонија, во татковината и во светот, само Македонија е нашиот единствен заеднички именител, само Македонија е нашиот единствен заеднички содржател! Со Македонија не’ има, без Македонија сите заедно ќе не снема… Бараме Уставниот суд да ги поништи Одлуката за распишување на референдумот донесена од Собранието на Македонија на 30 јули 2018 година и Правилникот за организација на референдумот донесен на 1 и 10 август 2018 година од Државната изборна комисија! На Семакедонскиот собир е подготвена културно-уметничка програма. Поканата важи за сите добронамерници кои со срце и душа ја сакаат Македонија!

Advertisement