Коци Ѕоѕе – Првиот Министер за внатрешни работи на Албанија, има заслуга за македонскиот јазик во Албанија

Коци Ѕоѕе

Основно образование завршил во родното место Негован, Леринско Егејска Македонија гимназија завршил во Солун. За едно со неговото семејство се преселил во Корча, Албанија, во 1930 година. Таму влегол во редовите на комунистичката партија и бил еден од нејзините најактивни членови на подрачјето на Корча. Тој од 1937 год. бил познат како почитуван лидер, а со оглед на неговото македонско потекло бил поддржуван и од Југословените. За време на Втората светска војна бил еден од раководителите на комунистичкото движење во Албанија, додека во мај 1944 година бил избран за заменик-претседател на Високиот совет на Албанија, и унапреден во генерал-поручник. Веднаш после ослободувањето застанал на чело на Министерството за внатрешни работи, како и еден од основачите на албанската тајна служба. Исто така бил член на Политбирото и пратеник во собранието. Тој е човекот, кој бил најтесно поврзан со комунистичките лидери на Југославија и близок политички соработник на Енвер Хоџа. Сето тоа се променило по прекинувањето на дипломатските односи меѓу Југославија и СССР со донесената Резолуција на Информбирото во јуни 1948 година. Тоагш биле нарушени и односите меѓу Албанија и Југославија, поради што Ѕоѕе бил тргнат од фукцијата началник на МРВ. Наскоро по посетата на Москва од Енвер Хоџа ( 28 ноември 1948 година) Коцо Ѕоѕе бил уапсен и суден на таен процес, на 11 мај 1949 година.

Коци Ѕоѕе во Тирана судски процес

Процесот се водел за неговата група соработници Кристо Темелко, Панди Кристо, Нести Керенџи. При тоа, Ѕоѕе бил суден од воен судкој му изрекол смртна казна, по што на 11 јуни 1949 бил обесен. Тие се товареле како соработници на групата на троцкистите на Тито, кои преговарале за тоа Албанија да стане република во југословенската федерација и др. Некои од нив како Коци Ѕоѕе, Панди Кристо и други беа осудени на смрт без да се дознае вистината дали работеле за добро или за лошо на Албанија. До ден денес не се знае каде е неговиот гроб. Советскиот новинар Аркадиј Пјервенцев, кој го следел процесот против него, го опишал така: „Коци Ѕоѕе, тој е мал маж кој спојува ѕверство и малодушност на чакал. Се смета дека заслуга на видните партиски функционери на некогашната Комунистичка партија, Коци Ѕоѕе, Панди Кристо и др. кои биле по потекло Македонци, е зачувување правото на образование на мајчин македонски јазик за македонското национално малцинство во Мала Преспа и оставање на работа на македонски учители од Македонија да ги учат Македонците во Албанија, како и оставањето на работа на Никола Беровски по истерувањето на македонските учители во 1948 година“./Пишува Никола Ѓурѓај

Advertisement