
Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија е инвестирање во безбедноста на Европа, истакнал премиерот Димитар Ковачевски на тралезната маса што зад затворени врати се одржа во Рејкјавик, а на која се разговарало за моделите за зачувување и развој на демократијата во време на огромни ризици по истата, во рамки на четвртиот Самит на Советот на Европа.
Во дискусијата, Ковачевски се осврна на обврската на сите земји силно да ја осудат агресијата против основните принципи на меѓународното право и светскиот поредок, меѓу кои и денократијата, како и да покажат солидарност и единство во одбраната на моралните вредности, посебно во време на глобални предизвици. Секоја форма на агресија и страдање на цивилно население, како средства за постигнување цел, беше оценета како неприфатлива.
Беше нагласена и важноста од брза интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, како инвестиција во зацврстување на безбедноста на Европа, за што развојот на демократијата и човековите права се основни темели.
Со Тркалезната маса, на Самитот на Советот на Европа, ко-претседаваа претседателот на Романија Клаус Јоханес и премиерот на Луксембург Хавиер Бетел, а учествуваа претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел, претседателката на Словачка Сузана Чапутова, премиерите на Грузија Иракли Гарибашвили, Норвешка Јонас Гар Сторе и Италија Џорџија Мелони.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden