Кремљ за одлуката на Финска да побара влез во НАТО: Ова е закана за Русија, ќе следува одговор

Кремљ денеска соопшти дека чекорот на Финска кон членство во НАТО, дефинитивно, е закана за Русија и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен.

Одговарајќи на прашањето каков практичен одговор може да се очекува од Русија, Песков истакна дека сè ќе зависи од тоа како ќе се манифестира овој процес на проширување во иднина, колку воената инфраструктура ќе се движи поблиску до руските граници, пренесе „Новости“.

„Се разбира, ако се сеќавате, постои актуелна инструкција од претседателот и врховниот командант да се направи список на мерки за зајакнување на нашите западни крила во врска со зајакнувањето на источното крило на НАТО. НАТО влегува во нашата насока. Затоа, се разбира, сето тоа ќе стане елементи за посебна анализа и развој на неопходни мерки за балансирање на ситуацијата и обезбедување на нашата безбедност“, рече Песков.

Тој исто така истакна дека властите во земјата треба да бидат прашани зошто Финска го промени својот став и се откажа од неврзаниот статус.

„Знаете дека Финска се приклучи кон непријателските чекори преземени во рамките на ЕУ кон нашата земја. Тоа не може, а да не предизвика жалење“, додаде прес-секретарот на шефот на државата.

Претходно, финскиот претседател и премиер, Саули Нииниште, и Сана Марин во заедничка изјава изјавија дека Финска треба без одлагање да поднесе барање за членство во НАТО. Според нив, членството во алијансата ќе ја зајакне безбедноста на Финска, пренесуваат медимуите.

Advertisement