Круемади: Рама е темпирана бомба за цел регион

 

Лидерката на третата по големина партија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади од собраниската говорница упати апел до амбасадорите на Европската унија во Тирана, предупрдувајќи дека „Рама е темпирана бомба и за регионот“. Премиерот е криминалец зграпчен од криминални банди, заложник на дрогата и кокаинот што го користи. Тој е темпирана бомба не само за Албанија, туку и за регионот, обвини Круемади.

Откако нагласи дека се во постојан контакт со амбасадорите на ЕУ акредитирани во Албанија, со цел унапредување на агендата кон ЕУ,таа ја обвини актуелната влада дека настојува да ја уништи земјата. Треба да разберете дека оваа група разбојници, криминална секта наречена преродба, не само што не сака да ги отвори преговорите и да ја интегрира Албанија во ЕУ, туку нејзина цел е уништување, смрт на Албанија и нејзино претворање во криминална и терористичка институција за регионот, посочи Круемади.

Инаку, албанскиот парламент, по инцидентите и четрипати прекинување на седницата, синоќа со гласовите на владејачкото мнозинство, го отфрли барањето на претседателот Илир Мета, буџетот за 2019 година да се преразгледа и да се одобрат повеќе средства за виското образование, денеска одржува друга седнца, на која на дневен ред се повеќе предлог-закони.