КУД „Илинден“ од Струга се врати со трето место на фестивал во Тирана (ВИДЕО)

Културно уметничкото друштво „Илинден“ од Струга, Република Македонија се врати со освоено трето место на меѓународниот фолфклорен фестивал „Балкан фолк“ што од 19 до 23 септември се одржа во Тирана. На фестивалот настапија 11 држави на дефилето низ тиранските улици, стружани се претставија со фрагмент на песни и игри од Источна Македонија. На првата фестивалска вечер се претставивме со кореографија од Пиринска китка, а во финалето настапивме со „Малешевска“.

Advertisement