Културна манифестација по повод 75-годишнината од ослободувањето на Мала Преспа од фашистичкиот окупатор

 

По повод 75-годишнината од ослободувањето на Мала Преспа од фашистичкиот окупатор, Општина Пустец во соработка со гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“-Пустец и основното школо Долна Горица организираше културна манифестација во плоштадот Стерјо Спасе, селото Глобочани. И во овие денови неможеме а да не се потсетиме на сите оние вистински патриоти кои ги положија своите животи за она кое го имаме денес истакна организаторите. Oбласта Преспа е населено со македонско население.