Лавров: Нема докази за руско мешање во внатрешните работи на Република Македонија

Не се доставени никакви докази за мешање на Русија во прашањето „за промена на името на Македонија“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на 55-та Минхенска конференција за безбедност.

“Бевме обвинети дека се мешаме во ситуацијата околу името на Македонија, ноне ни доставија никакви убедливи докази. Во исто време, вчера разговарав со Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и голем број други колеги. Самиот Јенс Столтенберг, Германската канцеларка Ангела Меркел и некој од САД, ми се чини, Американскиот секретар за одбрана, вкупно пет или шест водечки западни политичари дојдоа во Скопје и јавно агитираа да се гласа на референдум за промена на името на Републиката. Тоа беше јавно и отворено. Ако направевме барем една стотина од ова, ќе ни беа воведени нови санкции. А овие “патници од првата класа” можат да направат сè без никакви последици.”  – нагласи Лавров.

Шефот на руската дипломатија истакна дека односите меѓу Русија и Западот ги имале сите шанси за успех, „но изборот бил направен во корист на натоцентризмот“.

 

Advertisement