Летен камп „Пелистер 2019“ во Преспа

 

Минатиот месец во македонскиот дел на Преспа, студенти од трите земји кои го делат преспанскиот регион учествуваа на летниот истражувачки камп „Пелистер 2019“. Прекуграничниот летен камп беше организиран од членовите на ПреспаНет – МЕД, ППНЕА и СПП во соработка со Истражувачкото друштво на студенти биолози (ИДСБ). Кампот преку различниот број на секции им овозможи на учесниците да ја истражуваат биолошката разновидност на НП Пелистер и да научат нешто повеќе за различните методи на мониторинг и истражување.