Летовите Атина-Скопје се враќаат од следниот понеделник

Летовите меѓу Атина и Скопје почнуваат по 15 февруари по 11 месеци прекин поради пандемијата, соопшти грчката авиокомпанија „Ејџиан ерлајнс“. Според претставувањето на плановите за обнова на линиите со одредени земји превозникот таму планира да ги врати летовите меѓу Атина и Скопје во следните 10 денови, а ќе се лета два пати неделно со авион од типот „АТР42“. Воздушната врска помеѓу двата главни градови беше суспендирана на почетокот на ковид пандемијата лани во март.

Advertisement