Лидерите на ЕТА планираат расформирање на организацијата

Лидерите на сепаратистичката организација Баскиска татковина и слобода (ЕТА) побараа од членовите да гласаат за планот за нејзино целосно распушатње до на лето, објави весникот „Гара“. За периодот од 43 години борба на ЕТА за назависност на шпанскиот регион Баскија, беа убиени 829 лица, а стотиси други беа повредени. Откако голем број нејзини членови завршија зад решетки, групата во 2011 година прогласи еднострано примирје и стави крај на нејзините вооружени активности.

Крај на циклусот е се повидлив и како резултат на одлуката која ја донесовме, тој веќе воглавно се случи. Крај на политичко-воената стратегија сигнализираше крај на циклусот на организацијата, се наведува во соопштението на групата. Спроред ЕТА, сега е време да се затвори ерата на вооружен конфликт и сите сили да се насочат кон политичкиот процес.  По повеќемесечна интерна дебата за расформирање на групата, нејзините членови мораат да гласаат. Мнозинството членови на ЕТА (302) отслужуваат затворска казна, останатите се опфатени со програмата за социјална реинтеграција, а уште неколку десетици живеат надвор од Шпанија на непознати локации.

Во документот се вели дека ЕТА не жали поради своето минато и дека нема да се откаже од своите дела, иако останува отворена за самокритика.  Ако се прифати предлогот за расформирање „ЕТА повеќе нема да постои“, наведува весникот „Гара“. Според весникот „Паис“, меѓутоа, во услови кога настапи нова општествена реалност, со својата иницијатива ЕТА признава дека станува се поирелевантен актер во баскиското општество.